среда, 15 април 2026

Отворен реновираниот „Тинекс“ маркет во Ѓорче Петров

Објавено на

часот

Сподели

Маркетот сега има помодерен изглед со елементи на дрво и уште попријатна атмосфера за пазарење, а покрај редовните оддели, располага со голема и модерна пиљара каде може да се купи свежо овошје и зеленчук, пекара каде во секое време може да се купи свеж леб и топли бели печива…, а по реновирањето како новитет отворена е и месарница за продажба на свежо месо и преработки од месо кои секојдневно се доставуваат од погоните за расек на „Тинекс“. Дополнително по реновирањето е  отстапен и поголем продажен простор за категоријата органска и здрава храна.

Во маркетот работат вкупно 25 вработени и има 4 наплатни каси за услужување на потрошувачите.


Целта на „Тинекс“ е да им ги обезбеди најдобрите услови за пазарење на потрошувачите и токму поради тоа постојано се унапредуваат постоечките маркети.  

По повод повторното отворање на реновираниот маркет подготвени се ексклузивни акции, големи попусти и промоции, а за членовите на Мој Тинекс клубот од 17-ти до 19-ти август ќе се доделуваат 3 x повеќе поени на износот на направената сметка.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ