среда, 15 април 2026

ОКТА првата половина од годинава ја заврши со добивка

Објавено на

часот

Сподели

„Вториот квартал од 2021 година беше обележан со благи ефекти од ковид-19 кризата. Меѓународните цени на горивата продолжија да закрепнуваат, во време кога државата, вклучувајќи го и нафтениот сектор, покажа знаци на постепено закрепнување, поддржано од тековната летна сезона, што резултираше со зголемен сообраќај и прекугранични движења. Сепак, заздравувањето на воздухопловниот сектор трае подолго од очекуваното, поради што побарувачката за гориво за авиони заостанува зад очекуваното ниво. Сепак, продажбата на останатите деривати ги надминува очекувањата и придонесува за закрепнување на пазарот на гориво“, велат од компанијата.

Отпорноста и континуитетот во работењето, поддржани од сигурниот синџир на снабдување и стабилните партнери, додаваат, беа темелите на стратегијата на ОКТА.

„Како резултат на тоа, компанијата ја надмина и значително ја зголеми својата профитабилност во однос на последните неколку години. Сето ова се постигна во услови на почитување на строгите здравствени и безбедносни стандарди, осигурувајќи непречена услуга кон клиентите. Оттука, ЕБИТДА, којашто ја одразува оперативната профитабилност на ОКТА, во првата половина на 2021 година достигна 394 милиони денари, што претставува целосно закрепнување од загубата од 90 милиони денари, генерирана истиот период минатата година“, посочуваат од ОКТА.

Надминувањето на очекуваните перформанси на ЕБИТДА, прецизираат, е водено од способноста на компанијата за дополнителна поддршка на продажбата преку правилно управување со залихите во комбинација со позитивниот ефект од континуирано оптимизирање на индиректните трошоци.

„Вториот квартал од 2021 година следи аналоген тренд, достигнувајќи ЕБИТДА од 196 милиони денари, значително надминувајќи ги 130 милиони денари од вториот квартал на 2020 година, како резултат на претходно елаборираните причини. Приходите од продажба во првата половина на 2021 година изнесуваат 9.812 милиони денари, надминувајќи ги 7.778 милиони денари од истиот период минатата година. Бруто-маржата, движејќи се со исто темпо, во првите шест месеци од оваа година достигна 554 милиони денари, што е значително надминување на 91 милиони денари од истиот период претходната година, позитивно поддржана од континуираниот раст на меѓународните цени на горивата“, истакнуваат од ОКТА.

Од компанијата додаваат дека добивката пред оданочување во вториот квартал од 2021 година изнесуваше 151 милион денари, надминувајќи ги 96 милиони денари од истиот период минатата година, искористувајќи го позитивниот ефект на залихите и зголемената оперативна ефикасност.

„Пропорционално на ова, добивката пред оданочување во првата половина од 2021 година акумулираше 301 милиони денари, целосно закрепнувајќи од негативните нивоа (загуба од 228 милиони денари) достигнати истиот период минатата година. Овој резултат беше во голема мера поттикнат од споменатиот раст на меѓународните цени на горивото, што имаше позитивен ефект врз залихите на ОКТА во износ од 218 милиони денари. ОКТА успеа да одржи соодветна ликвидност што на компанијата ѝ дава можност да се справи со какви било последици произлезени од COVID-19 кризата, во период на враќање кон вообичаениот начин на работење“, посочуваат од компанијата.

Целта на компанијата во претстојниот период е, нагласуваат, да остане лидер на пазарот, нудејќи производи со висок квалитет на клиентите на пазарите на кои работи, во исто време поттикнувајќи дополнителна оптимизација на трошоците и оперативни подобрувања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ