Позначајни нето приливи се остварени кај директните инвестиции и заемите. Девизните резерви бележат зголемување за 94,5 милиони евра.
Во овој период, во тековните трансакции со нерезиденти е остварен дефицит од 120 милиони евра, или за 28,2 милиони евра повеќе во однос на истиот период минатата година. Во однос на одделните компоненти, зголемен е суфицитот кај секундарниот доход и кај размената на услуги, додека дефицитот кај стоковната размена и примарниот доход забележа проширување. бак/aa/






