Техничките екипи на Македонски телеком се постојано на терен, за да ги санираат штетите од пожарите на телекомуникациската опрема. Благодарение на овие вонредни активности, мрежата засега е функционална, а граѓаните остануваат поврзани. Во соработка со Црвениот крст, ставен е во функција и бројот за донации 143 400 на кој секој може да донира.
Пожарите предизвикаа голема материјална и емотивна штета на голем број наши сограѓани и наша обврска, како општествено одговорна компанија е да покренеме иницијатива за помош, која се надеваме ќе ја следат и останатите приватни компании, соопшти Македонски телеком.






