среда, 15 април 2026

Коронакризата лани ги падна приходите на нафтените компании

Објавено на

часот

Сподели

Овој промет е на приближно ниво од 2017 година, но многу помал од 2019, годината пред кризата. Токму 2019-та беше најуспешна во нафтениот бизнис во последните четири години. Овие 5 нафтени компании таа година оствариле приход од 1,1 милијарда евра или за 33 проценти повеќе од 2020 година.

Според податоците на порталите Пари и БизнисМрежа.мк за работењето на овие фирми во периодот 2018-2020, Окта била компанијата која до пред 2020 година имала најголеми приходи од продажба на нафтени деривати. Лани, прва беше Макпетрол. Има и други промени. Ако Лукоил беше компанијата што претходните години по остварен приход била на трето место, минатата година ова место ѝ припадна на Супертрејд.

Сите компании имале пад на приходната страна, а најмногу изгубила Окта која во 2020 остварила промет од 251 милион евра или 45% помалку во однос на 2019-та. Загуба забележала и Лукоил од 39 отсто (71 милион евра). Најмал пад имала Супертрејд која со 86 милиони евра е на трето место, по Макпетрол и Окта. Супертрејд забележала најмал пад од само 9 отсто во однос на 2019-та.

Во однос на добивката на петте најголеми нафтени компании, ситуацијата е малку поинаква. Макпетрол е компанијата која најмногу заработува на пазарот. Со добивка од 5,7 милиони евра лани е далеку над останатите четири компании. Во 2019 профитот на Макпетрол бил 14,3 милиони евра или ова значи пад за 60 проценти. Окта работи со големи загуби, а во 2020 покажала загуба од дури 8,5 милиони евра.

Во однос на добивката Лукоил е во предност пред Супертрејд – 2,1 милион евра добивка за Лукоил наспроти 1,5 милиони евра за Супертрејд. Сепак Супертрејд е единствената компанија од нафтениот бизнис која лани остварила раст од 20%.

Петте компании вкупно во 2020 година имале вработено 2.685 работници, од нив најмногу работат во Макпетрол 1.854 и Лукоил 452.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ