среда, 15 април 2026

Комплекс oд куќи кај Скопска Црна Гора за среќно детство и семеен идиличен амбиент

Објавено на

часот

Сподели

Во трката за професионален успех кој денес е исклучително мотивирачки за родителите кои  сакаат да обезбедат подобра и постабилна иднина за себе и своите деца, многу често се судираме со фактот дека на  сметка на кариерата и финансискиот прогрес ги запоставуваме сопствените  деца. Отсуството на родителите  кое е неминовно поради секојдневното темпо со работни обврски генерално се компензира со материјални добра (таблети, компјутери, видео игри, играчки и разни други подароци) кои привидно ги „смируваат” децата. Јасно е дека не се работи за соодветен надоместок. На децата им е потребна родителска посветеност, квалитетно поминато семејно време и внимание од родителите.  Но, потребно им е внимание и од нивни врсници.

Предводени од потребите на децата, пред сѐ физичко- телесни, духовни и социјални, односно потребата секое дете да игра со врсници, да се социјализира,  учи од другите, развива правилна моторика преку спортски игри од најмали нозе, сѐ до елементарната потребата за чиста околина, чист воздух и здрава храна, го создадовме комплексот We and Nature, дом за среќни луѓе! 

Комплексот од 11 куќи, на само 8 км од центарот на градот на падините на Скопска Црна Гора претставува урбано концептуален простор каде безбедноста и потребите на децата и родителите се на прво место.

Комплексот е концепиран и се гради на основа на детските потреби за здраво и среќно детство. А кога децата се среќни, здрави и весели тоа резултира со задоволни, насмеани и здрави родители. Овој релативно понов пристап на домување со истакната социјална димензија е одамна популарен во социјалните западноевропски земји и покажува извонредни резултати во однос на детскиот правилен раст и развој. Генерациите од 70-те и од 80-те  години во  Македонија добро помнат и честопати говорат како имавме безгрижно детство, како бевме безбедни и можевме цел ден надвор да поминеме, а никој да не биде притоа загрижен. We and Nature е токму тоа!

Безбедноста во We and Nature е добиена со целосно насочување на сообраќајот на периферијата од комплексот, со отворање на надворешни пристапни улици  до секоја куќа. Во внатрешниот дел има слободно движење на жителите, децата пред сѐ, за да се обезбеди максимално сигурен простор за физичка циркулација, игра и социјализација.

Куќите се идентични, 160 м2 внатрешен простор на два ката, со дополнителни 50м2 гаража и складишен дел. Секоја куќа има сопствена тераса од 40 м2. Со стекнување на сопственост врз еден од објектите се добива и сосопственост на целокупното земјиште 13.000 м2, спортско рекреативната инфаструктура и опрема.

Заедничкиот простор  од 100 м2 е вистински новитет кој ги обединува соседите по основ на социјализација, дружење, прослави, предавања, презентации, јога часови и сл. Користењето е со претходна најава во системот за резервации каде членуваат сите жители на комплексот.

Баскет теренот и теренот за одбојка на песок кои се исто така сопственост на жителите на комплексот нудат можност за стекнување спортски и здрави навики од најрана возраст. Спортските реквизити за вежбање на отворено се дополнителна мотивација за одржување на здраво тело и здрав дух.

И секако, најмалите добиваат целосно ново социјално катче со лизгалки, клацкалки, лулашки, гранде трамболина… Детското катче е лоцирано стратешки пред терасата на заедничкиот простор  за да можат родителите едновремено да се социјализираат и спокојно ги набљудуваат своите деца.

Во рамките на заедничката инфрастуктура спаѓа и базенот 10 х 5 м,  во кој има и дел предвиден за најмалите пливачи. Базенот е отворен за сите жители на коплексот, а дружење и разладување во овие жешки моменти е повеќе од добредојдено.

До комплексот кој се наоѓа на 8 км од центарот на градот, на падините на Скопска Црна Гора, каде воздухот е 100% чист во текот на целата година, има одлична патна инфраструктура, исто така канализација, градски водовод, сопствени бунари со геотермална вода (10 литри во секунда) и ред други погодности кои придонесуваат за здрав и високо квалитетен живот.

Продажбата на куќите е во тек и се очекува целиот комплекс биде завршен до крајот на октомври годинава. Сите заинтересирани можат да се обратат со пополнување на формулар  на веб страницата на комплексот. 

Комерцијален текст

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ