
Короната остави мало негативно влијание врз индустријата на дистрибутери на стоки за широка потрошувачка. Резултатите во минатата година покажуваат дека најголемите македонски компании за дистрибуција за стоки за широка потрошувачка особено за храна, пијалоци и тутунски производи лани во втората половина од годината успеале да го надоместат карантин-периодот кој на исте ни зема речиси три месеци.
Најголемите десет компании, според остварените приходи, лани агрегатно одработиле приход поголем од 340 милиони евра. Од нив осум компании успеале да завршат со добивка, а две работеле со загуба. На листата подолу се десет реномирани и етаблирани компании кои на нашиот пазар тргуваат повеќе од две децении:







