„На ваков начин повторно се внимава на заштита на здравјето, но се создава дополнителна можност за да не бидат изолирани лицата кои не се вакцинирани, а сепак имаат стекнат имунитет или со тест докажуваат дека не се носители на вирусот”, изјави Мартин Ангеловски, потпретседател на Комората.
Ангеловски вели дека Комората укажува и на потребата од спроведувањето на мерките и нивното почитување да се прави без исклучоци затоа што, како што нагласи, има угостителски субјекти кои континуирано не ги почитуваат мерките и препораките, а при тоа не се соочуваат со последици и на тако начин претставуваат нелојална конкуренција.
„Веќе истакнавме дека вработените во угостителските објекти немаат правна надлежност и овластување за барање на документи за лична идентификација од посетителите, а исто така укажуваме и на опасноста од појава на фалсификувани потврди за вакцинација или за прележан вирус, за кои вработените во угостителските објекти немаат никаква надлежност. Ако инспекциите утврдат таков случај, одговорност треба да се бара од носителот на сертификатот а не од објектот”, истакна Ангеловски.
Ана Марија Алексова, член на Комората, во однос на мерките кои се однесуваат на туризмот кои предвидуваат за влез во државата, покрај сертификат за вакцинација или потврда за прележана болест, да се одбере и можност од седум дневна изолација. рече дека таа треба да може да биде прекината,по приложен негативен тест.
„Тоа значи дека граѓаните на самите гранични премини да си земат документ за самоизолација, а истата да може да биде прекината со приложување на негативен ПЦр тест или антиген тест уште во наредните 24 часа. Исто така потребно е во меѓуграничните зони да се воспостави можност за изработка на тестови за ковид-19 кои ќе бидат по достапни цени. За намалување на трошоците на граѓаните добро е во мерките да се предвиди можноста за влез во државата со негативен селф антиген тест, кој може да се купи во аптека“, истакна Алексова.
Таа додаде дека мерките и рестрикциите носат сериозни ограничувања во работата на туристичко – угостителскиот сектор и дека затоа се неопходни , економски мерки за поддршка.
„Туристичката сезона е во тек и треба да се креираат мерки кои ќе создадат услови за таа да може да се заврши и да се реализираат аранжманите кои беа одложени од минатата година на безбеден и сигурен начин. Со измените кои ги бараме и кои се веќе доставени до Владата сметаме дека ќе се постигне подобра заштита на колективното здравје, како и намалување на штетните економски последици”, рече Алексова.






