среда, 15 април 2026

Блажевски: За хотелските гости нема да треба доказ за вакцинација, за големите собири требаше порано да се реагира

Објавено на

часот

Сподели

Како што изјавил за МИА претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ Крсте Блажески, ќе мора да има редари во објектите, кои нема да примаат надворешни гости во затворените ресторани и сали.

„Беше прифатено нашето барање, направени се измени и потврда за вакцинација нема да треба за служење пансион и за над 30 гости од хотелот. Ќе пробаме во најдобар ред да ги почитуваме времените мерки и што побрзо да излеземе од овие лоши времиња“, вели Блажески.

Тој уверува дека и натаму ќе ги почитуваат протоколите со постојано дезинфекција, задолжително растојание во рестораните и не повеќе од четири лица на една маса.

„Затекнати сме, 16 август е на две недели од крајот на сезоната. Ваквите мерки влијаат психички кај гостите, некои ги откажуваат аранжманите, други пак што планирале да користат летен одмор во некое туристичко место во земјава сега се во недоумица“, изјавил Блажески, додавајќи дека семинарите веќе се откажувале.

Според него, требало порано да се реагира во однос на организирањето поголеми собири, како што беа многубројните забави на охридско-струшката ривиера изминатиот период.

„За поголеми собири требаше да се размисли малку порано. Ефектот е пренесен повеќе на млади лица, овој пат затоа што тие повеќе се групираа на забави. Повозрасните многу повеќе внимаваат, дури и на свадбите го нема поздравувањето со гушкање. И свадбите со внимавање не се толкава опасност, ако се почитуваат протоколите“, смета Блажески.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ