петок, 14 ноември 2025

Дератизација и дезинсекција во сите станбени објекти во општина Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска одржал состанок со управители на станбени згради и претставници на куќни совети, на кој се разговарало за усвоените кризни мерки за справување со состојбата со сметот.

Објавено на

часот

Сподели

Од прес-службата на Општина Центар информираат дека управителите добиле задолжение од општината итно да спроведат вонредна дератизација, дезинсекција и дезинфекција во сите станбени објекти кои се под нивна надлежност.

„Се работи за алармантна ситуација. Некои ме критикуваат дека не е моја работа да ги чистам улиците, но не се согласувам. Секој од нас треба да даде личен пример, а тоа постојано сум го правел. Секогаш кога имало криза или хаварија, јас и мојот тим сме се вклучувале директно во решавањето на проблемите. И овојпат, со актуелнава криза, го правиме истото“, нагласил Герасимовски.

Тој посочил дека на домаќинствата ќе им бидат доделени големи, бесплатни ќеси за отпад кои добро се затвораат и потешко се кинат, со насоки до станарите уредно и одговорно да го фрлаат комуналниот смет.

Во меѓувреме, општината спровела вонредна дератизација на сите 1.980 шахти со сертифициран препарат, а дополнително беше извршена и вонредна дератизација и дезинсекција во сите градинки и училишта на територијата на локалната самоуправа.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ