вторник, 20 мај 2025

Денеска се формира раководното тело на партијата во најава – Вреди

Во 16 часот денеска во просториите на Алтернатива во Скопје се очекува да се сретнат лидерите на коалицијата Вреди – Изет Меџити на Демократско движење, Биљал Касами на Движењето Беса, Зеќирија Ибрахими на Алтернатива и независниот пратеник од Самоопределување – Беким Ќоку, потврдија за МИА од коалицијата.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата се очекува да се разговара за формирање на новото раководство на Вреди, коe треба да се преточи во партија, кое ќе биде составено од 23 члена.

Како што јавуваат дел од медиумите на албански јазик, за членови на новото раководство на Вреди, од Демократското движење се очекува да бидат предложени: Изет Меџити, Висар Ганиу, Саранда Имери Стафаи, Мерита Колчи Коџаџику и Фериде Хаџиу. Од Беса за членови ќе бидат предложени: Биљал Касами, Фатмир Лимани, Блерим Сејдиу, Мелинда Рашиди, Хасим Муртезани, Седат Сулејмани и Фадил Зендели. Додека, пак, од страна на Алтернатива ќе бидат предложени: Зеќирија Ибраими, Амир Елези, Афан Елези, Арбен Лабеништа, Орхан Муртезани, Сафије Садики Шахини, Башким Муртези. И пратеникот на Самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти, Беким Ќоку ќе биде дел од раководството и тој се очекува да го предложи и Јусуф Сопи.

Министерот за здравство, Арбен Таравари, кој е и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, денеска истакна дека засега имаат сигурна одлука дека одат со посебни советнички листи на локалните избори и дека тоа е одлука на партијата.

„Од тоа нема враќање назад. За сè друго, сме подготвени и отворени да разговараме со сите во однос на локалните избори“, рече Таравари.

Одговарајќи на новинарски прашања, Таравари рече дека има редовна комуникација со премиерот Христијан Мицкоски и дека откако тој ќе се врати од службеното патување, ќе разговараат.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ