сабота, 9 мај 2026

Д-р Жан Митрев на Првиот конгрес за педијатриска кардиологија и кардиохирургија во Косово

Д-р Жан Митрев учествуваше на Првиот конгрес за педијатриска кардиологија и кардиохирургија што се одржа во Приштина, Косово, каде на посебен панел го сподели 26-годишното искуство и резултати на болницата „Жан Митрев“ во третманот на срцеви заболувања и во лекувањето на вродени срцеви заболувања.

Објавено на

часот

Сподели

Пред истакнати медицински професионалци од Косово и од регионот, д-р Митрев ги презентираше достигнувањата на болницата и резултатите постигнати во изминатите 26 години во областа на кардиоваскуларната хирургија.

Во своето обраќање, тој се осврна на развојот на болницата од нејзиното основање до денес, истакнувајќи дека од 2000-та година се реализирани над 15.000 кардиоваскуларни интервенции, како и над 10.000 други процедури. Во болницата „Жан Митрев“ досега третман добиле повеќе од 3 милиони пациенти.

Посебен акцент беше ставен на третманот на вродени срцеви заболувања, тема што беше во фокусот на конгресот. Д-р Митрев посочи дека во болницата досега се третирани околу 1.570 случаи со вакви аномалии, а годишно се реализираат околу 1.000 операции на срце и околу 800 васкуларни процедури.

Тој зборуваше и за континуираниот развој на дијагностиката и хируршкиот третман, нагласувајќи дека од 2007 година болницата значително напредувала во користењето на КТ-дијагностика, а во покомплексни случаи се применува и 3Д-реконструкција на срцето како дел од подготовката за третман.

Во рамки на презентацијата беа споделени и два случаи на бебиња од Косово успешно третирани од ретки срцеви заболувања, со што беше нагласено значењето на експертизата, навремената дијагностика и регионалната соработка во третманот на најсложените кардиоваскуларни состојби.

По презентацијата, д-р Митрев разговараше со учесниците на конгресот, одговараше на прашања и ја истакна важноста на професионалната размена меѓу лекарите од регионот. Споделувањето искуства, особено во областа на вродените срцеви заболувања, останува клучно за унапредување на третманот и за подобри резултати кај пациентите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ