петок, 14 ноември 2025
Локални избори 2025

Ахмети: Добивме сложена порака од националниот глас – освоивме повеќе гласови, но не и градоначалници

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, соочен со резултатите од локалните избори, изјави дека тие сепак го освоиле „мнозинството од гласовите на народот низ целата земја“, и покрај тоа што не ја добиле градоначалничката трка.

Објавено на

часот

Сподели

На прес конференцијата по затворање на гласачките места Ахмети рече дека ова е порака од граѓаните што тие ја прифаќаат.
„Го освоивме мнозинството од гласовите на народот низ целата земја, или поточно националниот глас на овие избори со над 23 илјади гласови повеќе. Но, не успеавме да ја добиеме трката за градоначалници. Ова е сложена порака што ја прифаќаме со почит и одговорност. Граѓаните покажаа дека веруваат во нашите вредности, во нашата визија, но во исто време бараат да го обновиме начинот на кој ги претставуваме овие вредности на терен“, рече Али Ахмети.

ДУИ освои четири градоначалнички места, наспроти коалицијата Вреди, која доби 9 градоначалници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ