среда, 29 април 2026

14-годишно момче ја силувало малолетната сестра во Гостивар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Барање за поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор за 14-годишно дете, бидејќи постои основано сомнение дека вршело продолжено кривично дело родосквернавење.

Објавено на

часот

Сподели

Детето во судир со законот, во февруари 2026 година во два наврати го искористил отсуството на родителите и извршил обљуба врз неговата 13-годишна сестра. Малолетниот брат подолг временски период испраќал пораки со непристојна и експлицитна содржина на жртвата, а во два наврати против нејзината волја ја принудил на сексуални односи.

Од Основното јавно обвинителство во Гостивар соопштија дека имајќи ги предвид законските основи и особено потребата од заштита на жртвата, јавниот обвинител достави и посебен предлог за определување мерка притвор за детето во судир со законот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ