Во пишаната изјава на министерот за здравство Азир Алиу се истакнува дека Министерството за здравство ја следи состојбата и здравствениот систем е мобилизиран за справување со новонастанатите предизвици.
„Од извршените интервенции на Итната медицинска помош, само едно лице е транспортирано во јавна здравствена установа, на Клиниката за токсикологија. Воедно, кризниот штаб што веднаш како Министерство го формиравме, континуирано заседава и во следниот период ќе се преземаат соодветни мерки согласно околностите“, се истакнува во пишаната изјава на Алиу.
Пациентката која во текот на ноќта е примена на Клиниката за токсикологија е во добра состојба, потврдува директорот на оваа клиника, Арѓенд Имери.
„Пациентката имала и други пропратни симптоми и од тие причини е задржана на лекување, но, најважно е дека се наоѓа во добра состојба. Денеска во текот на денот уште тројца пациенти се амбулантски прегледани на Клиниката и пуштени дома“, информира Имери.






