петок, 22 мај 2026

Поети од Хрватска и Италија на „Караманови средби“ во Радовиш

Објавено на

часот

Сподели

Свеченото отворање на манифестацијата е закажано за задутре, а беседа за Ацо Караманов ќе одржи поетот Христо Петрески, кој е добитник на наградата „Караманов 2021“ за најдобра книга од македонски автори.

Поетите учесници ќе читаат свои песни во рамки на „Поетските меридијани“, а главен настан е доделувањето на Интернационалната награда за поезија „Ацо Караманов“ на италијанската поетеса Клаудија Пичино.

Годинашните „Караманови средби“ завршуваат на 18-ти овој месец со промоција на Зборникот од оваа манифестација. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ