.Од Фондацијата велат дека кандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот кои не се враќаат, во читалницата „Славко Јаневски” во Скопје (ул. „Димитрие Чуповски” бр. 23/1-1) секој работен ден од 12 до 20 часот или по пошта на адреса на Фондацијата, бул. „Кузман Јосифовски Питу” 19/6-40, Скопје.
Доколку бидат испратени по препорачана пошта, ќе бидат прифатени оние романи коишто благовремено ќе бидат доставени со дата на печатот заклучно со 15 јануари 2022 година. Пожелно е и доставување на романи во електронска верзија на адресата: [email protected]
Одлуката за добитникот на наградата петчлената жири-комисија е обврзана да ја донесе најдоцна до 15 март 2022 година, а следниот работен ден да ја објави на прес-конференција. Наградата „Роман на годината” која беше заштитен знак на згаснатиот „Утрински весник”, ќе биде доделена по 23-ти пат.






