вторник, 24 јуни 2025

Гран При за Женскиот младински хор при МКЦ на меѓународниот хорски фестивал „Црноморски звуци”

На меѓународниот хорски фестивал и натпревар „Црноморски звуци” кој се одржа во Балчик, Бугарија, Женскиот хор при МКЦ ја освои главната „Гран при” награда.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштуваат од МКЦ, освен на натпреварот, хорот и диригентот, маестро Сашо Татарчевски учествувале и на мастер предавањата каде се изучувале нови композиции заедно со другите ансамбли учесници, како и на концертите на фестивалот кој се одвиваше од 4 до 8 јуни.

Ова е уште еден во низата успеси на хорот и на маестро Сашо Татарчевски, наведуваат од МКЦ.

Патувањето и учеството беа поддржани од Министерството за култура и туризам како и Град Скопје.

Женскиот младински хор при МКЦ најавува дека продолжува со концертите во текот на јуни кои ќе се одржат во Охрид и Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ