понеделник, 23 јуни 2025

За еден ден изречени 180 сообраќајни прекршоци во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изрече вкупно 180 мерки, меѓу кои за непрописно паркирање 90 санкции, 15 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет санкции за возење без возачка дозвола.

Објавено на

часот

Сподели

Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, 15 санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за прекршоци што ги прават пешаците, пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци…, соопшти денеска МВР.

Сообраќајните контроли, како што велат од МВР, продолжуваат и во наредните денови. Оттаму со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ