среда, 1 јули 2026

Тешко повреден велосипедист во сообраќајка кај „8 Септември“ и „Скупи“

Вчера во 17:15 часот во СВР Скопје е пријавена сообраќајна несреќа што се случила на кружниот тек меѓу булеварот „8 Септември“ и улицата „Скупи“ во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата учествувале патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.П. (46) од Скопје, и велосипед управуван од Б.Ј. (33) од Гостивар.

Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ