Акцијата била спроведена по долготрајна оперативна размена на информации меѓу македонското и српското Министерство за внатрешни работи. Осомничениот С. М. (42) бил откриен во засолниште во Скопје. При претресот полицијата пронашла
пиштол „CZ“, муниција, воен нож, црна тактичка униформа и мала количина марихуана.
Кај него била пронајдена и српска лична карта на друго лице. Според истрагата, осомничениот претходно нелегално ја преминал границата и влегол во Македонија.
Полицијата се сомнева дека тој бил испратен со конкретна задача. Оперативните информации покажуваат дека 42-годишникот е поврзан со организирана криминална група.
Истражителите веруваат дека во Скопје С.М. подготвувал ликвидација. Во тек е идентификација на можната цел и лицата што му помагале за време на престојот во Македонија.






