сабота, 9 мај 2026

Притвор за браќа од Струга кои со тупаници и шлаканици натепале полицајци

Објавено на

часот

Сподели

Основното јавно обвинителство Струга соопшти дека е поведена постапка против две лица за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

„Двајцата браќа од струшко Велешта, на возраст од 24 и 18 години, на 15 јуни заеднички нападнале двајца полициски службеници од ОВР Струга кои вршеле контрола на патниот сообраќај. Притоа, осомничените ги удирале полициските службеници со шлаканици и тупаници и им нанеле телесни повреди. За да се совладаат осомничените на помош кон нападнатите полицајци притекнале уште тројца нивни колеги“, информира Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени заради можноста да го повторат делото или да се дадат во бегство. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените им определи притвор во траење од осум дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ