вторник, 17 јуни 2025

Претреси во Скопје, пронајдени дрога и оружје

Во Скопје синоќа на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Н. кај кого била пронајдена дрога, соопштија денеска од МВР. Утрово пак, во скопско Батинци е уапсен 53 годишниот Е.Х. кај кого било пронајдено оружје и муниција.

Објавено на

часот

Сподели

Во првиот сличај, при извршен претрес во неговиот дом и други простории, по претходна судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. По насоки од јавен обвинител, С.Н., соопштија од МВР.

Тој  е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

Во вториот случај, како што информираат од Министерството за внатрешни работи при извршениот претрес во неговиот дом и други простории, по претходна судска наредба, се пронајдени и одземени три пиштоли и 643 куршуми.

По целосно документирање на случајот, против Е.Х. ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ