понеделник, 18 мај 2026

Пијан возач излетал од пат во Охрид, со тешки повреди пренесен во болница

Дваесет и двегодишен охриѓанец се здобил со тешки телесни повреди откако со автомобил излетал од патот на улицата „7 Ноември“ во Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од СВР Охрид, несреќата се случила утрово во 05:25 часот, кога патничко возило цитроен со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Р. (22) од Охрид, изгубило контрола и излетало од коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

При извршените проверки било утврдено дека И.Р. управувал под дејство на алкохол, односно дека имал 1,61 промили алкохол во крвта.

По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа на СВР Охрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ