Контролата била спроведена претходната ноќ меѓу 20:00 до 4:00 часот на три угостителски објекти на подрачјето на СВР Куманово.
„При контролата, извршено е легитимирање на 15 лица, а од страна на Државниот пазарен инспекторат изречени се седум глоби на правни и физички лица кои работеле спротивно на одредбите од Законот за угостителство и од страна на Државниот инспекторат за труд изречени се три глоби“, соопшти полицијата.