сабота, 9 мај 2026

Македонец во Италија ја уби сопругата и се обиде да се самоубие на гробот на синот

Страшна семејна трагедија ја потресе италијанската Пјаченца, откако 55-годишна жена со македонско потекло идентификувана како Милена Витанова беше пронајдена мртва во стан на периферијата на градот, со повеќе убодни рани од нож.

Објавено на

часот

Сподели

Според италијанските медиуми, настанот започнал околу 15:30 часот, кога нејзиниот сопруг, исто така Македонец, идентификуван како Хако Витанов, телефонски признал дека ја убил својата сопруга, а потоа избегал од местото на злосторството.

Според првичната истрага, на телото биле констатирани повеќе убодни рани нанесени со остар предмет, како и тешки повреди на главата. Во непосредна близина бил пронајден нож за кој се сомнева дека е оружјето со кое е извршено бруталното убиство.

Хако Витанов беше уапсен на гробиштата каде што наводно се обидел да си го одземе животот со пресекување на зглобовите, на гробот на починатиот син.

Пред шест години, голема трагедија го погоди ова семејство. Едно од петте деца на двојката, другите четири сега имаат 32, 26, 19 и 10 години, Методиј, трагично загина во сообраќајна несреќа додека патуваше со својата братучетка Марија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ