Според полицијата, на 11 април 2026 година пријавениот му се заканувал и физички го нападнал Д.И. (51) од истото село.
Во друг случај, на 16 мај 2026 година во 20:30 часот во СВР Скопје, Р.И. (61) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари ја пронашол повредена неговата 68-годишна сестра М.Б. од Скопје.
Според пријавеното, две лица физички ја нападнале во нејзиниот дом и ѝ одзеле пари. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.






