петок, 5 јуни 2026

Четворица меѓу кои и малолетник ќе одговараат, украле маси и столови од кафеана во Куманово

Полициски службеници од СВР Куманово извршиле службен разговор со четири лица од Куманово, кои се сомничат дека од угостителски објект на улицата Гоце Делчев одзеле поголем број маси и столови.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во периодот од 11 до 13 часот во СВР Куманово, полициски службеници извршија службен разговор со Е.Љ., В.Б., Љ.А. и 17-годишник, сите од Куманово. Тие се сомничат дека, со употреба на сила влегле во угостителски објект на улица Гоце Делчев одзеле поголем број маси и столови. Е.Љ., В.Б., Љ.А. и 17-годишникот во разговорот го признале делото“, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Од МВР посочуваат дека одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот и најавуваат дека по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ