четврток, 4 јуни 2026

Закани во скопска болница, претпоставена пријавена за агресивно однесување кон вработените

Педесет и деветгодишна скопјанка пријавила во полиција дека била изложена на закани и агресивно однесување од страна на својата колешка, која воедно била и нејзина претпоставена, во здравствена установа на подрачјето на Општина Центар.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера поладне М.К. од Скопје пријавила дека инцидентот се случил на 27 мај попладне на нејзиното работно место.

Според пријавата, во нејзината канцеларија влегла Н.С., која агресивно се однесувала и ѝ упатила закани. Во текот на инцидентот, како што е наведено, Н.С. упатувала закани и навреди и кон друга вработена, А.А.

Случајот дополнително ескалирал кога А.А., според пријавеното, била истуркана од канцеларијата од страна на Н.С., по што интервенирало обезбедувањето на здравствената установа.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ