Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 11 ноември 2025 година на булеварот Ослободување во Кичево, пријавениот бил затекнат како оштетува прозорец на еден од вагоните на возот „Ќиро“, кој потекнува од 1917 година.
Возот, согласно известување од Националната установа музеј „Западна Македонија во НОБ“ од Кичево, е музејски предмет со историска вредност.






