петок, 24 април 2026

Земан: НАТО да престане да биде сервисна организација на САД, Русија не може да биде непријател

Објавено на

часот

Сподели

За хаосот по одлуката за повлекување на мултинационалната коалиција на чело со САД од мисијата во Авганистан чешкиот претседател во интервјуто за таблоидот Блеск ги обвини претходниот и актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп и Џо Бајден, кои биле, како што кажа, недоволно храбри, но и претставниците на останатите членки на НАТО кои само кукавички молчеле и климале со главите на двата самити на кои се разгледувало повлекувањето.

„Двајцата американски претседатели наредија, немаше дебата. Доколку стануваше збор за некоординирана американска акција, на место е прашањето дали по овој дебакл е потребна реформа на НАТО. НАТО треба да престане да биде сервисна организација на САД, како што сега се покажа во Авганистан“, кажа Земан.

Чешкиот претседател предложи колективно раководење со западниот воен пакт, реформа која тешко можат да ја спроведат САД бидејќи, според него, го изгубиле престижот во светот, но кажа дека тоа би било можно ако повеќе членки на НАТО се договорат и преземат заедничка иницијатива.

„Како секоја воена организација НАТО треба да го дефинира својот непријател. Се сложувам со ставот на францускиот претседател (Емануел) Макрон дека Русија не е непријател. Непријателот е меѓу терористите“, кажа Земан.

Според оценката на чешкиот претседател сегашните драматични сцени на аеродромот во Кабул не би ги имало ако останатите членки одлучиле да останат во Авганистан по повлекувањето на војниците на САД, а дека ништо не би се решило кога Чешка би одлучила да евакуира уште авганистански цивили.

„Да не бевме кукавици тогаш на никаков кабулски аеродром немаше да чекаат нивни цивили. Треба да се бара примарната цел за заминувањето. Примарната причина се двајцата американски претседатели“, кажа Земан.

Земан се заложи Чешка сега, кога повеќе нема мисија во Авганистан, да ги намали трошењата за одбрана иако никогаш не ги достигна двата отсто од БДП на кои се обврзани земјите членки на НАТО и минатата година издвои само 1,3 отсто.

Чешкиот претседател оцени дека за разлика од Чешка во ред е Русија и Кина да имаат контакти со талибанците бидејќи тие се големи сили и водат реална политика.

„Талибанците се терористичка диктатура и го повторувам тоа што го кажав во 2001 – со терористи не се преговара, против терористи се војува. Кога талибанците ќе извршат некој нов терористички напад веројатно ќе ни поверуваат и другите“, кажа Земан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ