петок, 1 мај 2026

Уапсена старицата која со такси избега од судењето за злосторства во нацистички логор

Објавено на

часот

Сподели

Откако утрово со такси го напушти домот за стари лица каде живее, полицијата ја уапси за време на патрола во северниот дел на градот.

„Полицијата ја изведе обвинетата пред судија“, соопшти судот во Ицехое, во близина на Хамбург. Сега лекар треба да утврди дали 96-годишната е здравствено способна за притвор.

На Фурнер треба да ѝ се суди пред покраинскиот суд во Ицехое за учество во убиство на 11.000 затвореници во логорот Штутхоф во близина на Гдањск за време на Втората светска војна, каде Фурнер работела како стенографка и дактилографка во канцеларијата на командантот на логорот.

Судијата го одложи почетокот на судењето на 19 октомври бидејќи обвинетата не се појави пред суд.

Фурнер на почетокот на септември во писмо го замолила судијата да ја ослободи од обврската да присуствува на судењето од здравствени причини, што било одбиено.

Меѓународниот комитет Аушвиц денеска изрази револт поради тоа што обвинетата не се појавила на суд.

„Ова покажува неверојатен презир не само кон правната држава, туку и за преживеаните од Холокаустот“, се вели во соопштението на комитетот.

Поради големиот интерес на медиумите судењето треба да се одржи во индустриска сала во предградието на Хамбург.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ