Британската агенција ги пренесува наводите на обвинителите дека се сомнева дека тој проследувал документи на руска разузнавачка служба и за тоа добивал пари.
Обвинителите кажаа и дека е претресен станот и работното место на мажот идентификуван како Дејвид С. и дека тој денес ќе биде изведен пред истражен судија.
„Најмалку еднаш проследил документи кои ги добил за време на професионалните активности на претставници на руска разузнавачка служба. Примал пари во кеш за информациите кои ги предавал, износот е сè уште непознат“, изјави шефот на обвинителството.
Ројтерс наведува дека мажот е уапсен вчера во Потсдам, во близина на Берлин.
Обвинителите кажаа дека бил вработен како локален службеник во персоналот на амбасадата, а неговото апсење е резултат на заедничка истрага на германските и британските власти.






