петок, 24 април 2026

Турција им кажа не на авганистанските бегалци

Објавено на

часот

Сподели

„Турција не е бегалски камп. Ние повеќе немаме можност да прифатиме ниеден бегалец (од Авганистан). Сами ќе ги носиме одлуките. Многу внимателно ги чуваме нашите граници“, порача Челик.

Според него, турскиот претседател Ердоган се залага да се најде сеопфатно решение за кризата во Авганистан.

„Тој води интензивна меѓународна дипломатија – разговара со (рускиот претседател Владимир) Путин и (германската канцеларка Ангела) Меркел за ситуацијата во Авганистан. Внимателно ја следиме темата на човековите права во Авганистан, кој премина под управа на талибанците. Не може авганистанскиот народ да се остави во небрани, таму се случува вистинска драма“, додаде Челик.

Ердоган претходно побара од ЕУ да ги почитува своите обврски кон емигрантите среде хаотичната ситуација во Авганистан откако Атина соопшти дека авганистанските емигранти ќе ги враќа во Турција. „Прогласувањето на Турција за безбедна земја не ја ослободува ЕУ од нејзините меѓународни обврски“, кажа Ердоган во телефонскиот разговор со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Тој наведе дека на Авганистанците треба да им се помогне во матичната и соседните земји, за емиграцијата од Авганистан да не доведе до нови хуманитарни трагедии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ