петок, 1 мај 2026

Талибанците се заканија со последици доколку САД не ги прекинат летовите со дронови

Објавено на

часот

Сподели

„Со операциите на беспилотните летала над Авганистан САД ги кршат сите меѓународни правила, закони и обврски кои ги преземаа кон талибанците на преговорите во главниот град на Катар Доха“, се наведува во соопштението на талибанските власти објавено на Твитер, пренесува Ројтерс.

Талибанците ги повикаа сите земји, а особено САД, да го третираат Авганистан во рамките на меѓународното право, законите и обврските за да се спречат какви било негативни последици.

Американските власти засега немаат коментар, а новите власти во Кабул се под постојан меѓународен притисок да се откажат од соработката со Ал каеда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ