петок, 1 мај 2026

Шведска ги укина сите мерки

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се додава дека носењето маски и ПЦР тестовите ќе останат задолжителни за патниците во авионите бидејќи тоа е меѓународна норма воведена во екот на пандемијата.

Дека сите мерки ќе бидат укинати беше најавено претходно месецов од страна на министерката за јавно здравство и социјална грижа Лена Хеленгрен и директорот на Заводот за јавно здравство Јохан Карлсон.

Одлуката за укинување на и онака благите мерки се темели на високата вакцинираност и ниската смртност од ковид-19. Во Шведска една доза од вакцина примиле 83,6 отсто од полнолетното население, а 76,5 отсто од таа популација примиле и втора доза. Денес во Шведска почна давање трета доза вакцина.

Според податоците на Европскиот центар за контрола на болести (ЕЦДЦ), Шведска во последните две недели има трета најниска стапка на смртност од ковид-19 во Европа (зад Лихтенштајн и Словачка), а таквата состојба трае од почетокот на летото.

„Долго бевме присилени да живееме под ограничувања за да ги заштитиме животите и здравјето на граѓаните. Благодарение на успешната кампања за вакцинирање, далеку дотуркавме и сега нашето општество е во подобра ситуација. Затоа преземаме чекот кон нормалното секојдневие, кон заедница во која нема да има никакви ограничувања. Проценивме дека ограничувањата имаат мал ефект во сузбивањето на инфекцијата. Во моментов е важно да се зголеми стапката на вакцинираност“, кажа министерката Халенгрен најавувајќи го ублажувањето на мерките.

Од денес повеќе нема никакви ограничувања на бројот на учесници на јавните собири, како концерти или натпревари. Од 15 јули бројот на учесници беше ограничен на 3.000 на отворено и 300 во затворени простори. Се укинуваат и ограничувањата на приватните собирања во затворено, на кои досега не можеше да има повеќе од 50 лица. Можеби најголемото изненадување е повлекувањето на препораката за работа од дома, што значи дека голем број претпријатија, јавни и државни установи по година и пол ќе ги викнат вработените да се вратат во канцелариите.

„Се покажа дека вакцините се ефикасни. Имаме добра покриеност со вакцинирањето и јасно го гледаме ефектот. Имаме најниска стапка на смртност во Европа. Ограничувањата кои сега ги укинуваме повеќе не може да се оправдаат од аспект на јавното здравство. Вакцинираните лица од 29 септември начелно можат да живеат како претходно, додека невакцинираните ризикуваат сериозна болест“, кажа Карлсон додавајќи дека граѓаните на Шведска мора да прифатат дека ковид-19 станал дел од нивното секојдневие.

Според него, заболуваат главно невакцинирани лица па интензивната кампања за вакцинирање продолжува за сите возрасни групи, особено кај тинејџерите од 16 до 18 години.

„Вам кои се колебате сакам да ви кажам дека од пандемијата можеме да се извлечеме само со висока стапка на вакцинираност. Сите мора да помогнеме да стигнеме до таму“, заклучи Халенгрен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ