Тој вети дека за вакцинираните нема да има никакви нови рестрикции, но, за оние кои не се вакцинираат, ќе стане непријатно, бидејќи од октомври ќе мора да плаќаат задолжителни тестови.
Во изјава за АРД, Шпан апелираше до граѓаните да се вакцинираат.
Сè уште доволен број граѓани не се имунизирани против корона за да се спречи преоптоварување на здравствениот систем, посочи тој.
„Три од четири возрасни граѓани сè уште не одлучиле да се вакцинираат“, подвлече тој.
Тој рече дека мнозинството граѓани можат да сметаат на фактот дека нема да има поголеми ограничувања на слободите, дека нема да има нови блокади.
„Вакцинацијата ги прави есента и зимата безбедни“, рече тој, додавајќи дека вакцинацијата прави „позитивна разлика“.






