Тој истакна дека тој принцип мора да биде успешно применет.
Според него, вмешаноста на САД во дијалогот може да помогне, но и истакна дека Белград станал руска марионета.
„Србија станува марионета која ѝ помага на Русија да прави неволји на Балканот. Повеќе не седат на две столчиња туку само на антидемократското. Вашингтон и Брисел мора да се разбудат во таа реалност“, кажа Сервер за Газета експрес.
Смета дека меѓународните функционери треба да реагираат на воената демонстрација на сиал на Србија кон Косово“.
„ЕУ и САД треба да ѝ кажат на Србија дека демонстрацијата на воените сили е неприфатлива и дека НАТО нема да го брани само територијалниот интегритет на Косово туку и ќе биде спремен да ја ограничи соработката со Србија ако продолжи да претставува воена закана за соседите“, кажа американскиот аналитичар.
Зборувајќи за реципроцитетот, за пробните таблички за возилата со српски регистрации, указот кој стапи на сила на 20 септември Сервер го смета за исправен.
„Милам дека реципроцитетот е вистинскиот принцип, но имплементацијата мора да биде успешна. Уште не е јасно дали ќе биде“, кажа тој.
„Коментирајќи ја итната средба на преговарачите на Приштина и Белград која се одржува денес во Брисел, Сервер кажа дека американското учество може да биде корисно.
„Мислам дека САД можат да помогнат, но ќе им препуштам на колегите дипломати да одлучат за прашањето на директната вмешаност. Лошо е тоа што учеството на САД би довело до притисок од српска страна да се вмеша Русија. Тоа би била лоша идеја“, кажа Сервер.






