четврток, 23 април 2026

САД именуваа критичар на Русија за советник за Северен тек 2

Објавено на

часот

Сподели

Именувањето на дипломатот Амос Хохштајн покажува дека американската влада е решена да ја спречи Русија да ја користи енергетика како геополитичко оружје, соопшти Блинкен.

Хохштајн, според Блинкен, ќе помага Украина и источните членки на НАТО и ЕУ да остварат „побезбедна и одржлива енергетска иднина“.

Новоименуваниот советник е познат по својот критички став кон Русија. Претходно за време на администрацијата на Барак Обама во Стејт департментот служеше како специјален претставник за меѓународни работи во енергетиката, а од 2017 работел во приватниот сектор.

САД и Германија постигнаа на крајот на јули договор за гасоводот Северен тек 2, со што ставија крај на меѓусебните несогласувања за тоа прашање.

Гасоводот ќе го носи рускиот гас директно во Германија, одминувајќи ги Украина и Полска кои имаат големи приходи од транзитот на рускиот гас.

Според договорот, Германија се сложи да инвестира во инфраструктура за украинска зелена технологија, а САД се сложија да ги прекинат напорите за блокирање на гасоводот.

Блинкен истакна дека главната задача на Хохштајн ќе биде имплементација на јулскиот договор на Вашингтон и Берлин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ