Произведувачот на вакцината во јуни соопшти дека Спутник V е околу 90 отсто ефикасен во однос на делта сојот, а рускиот министер соопшти дека најновите резултати покажуваат дека таа ефикасност е околу 83 отсто, пренесува ТАСС.
Мурашко кажа и дека ефикасноста на Спутник V против тежок облик на болеста, кој бара хоспитализација, надминува 95 отсто.
Директорот на институтот Гамалеја кој ја разви вакцината, Александар Гинсбург, порача денес дека Спутник V е безбедна и ефикасна вакцина против сите познати соеви на коронавирусот.
Руските власти сметаат дека делта варијантата е одговорна за порастот на случаите на коронавирусот во јуни и јули, како и неспремноста на населението на имунизација и покрај широката достапност на вакцините.






