„Консултациите продолжуваат и се наоѓаат во завршната фаза. Наскоро ќе го формализираме договорот со нашите партнери“, кажа Михеев, а пренесува ТАСС.
Михеев додаде дека одредени успеси се постигнати на Меѓународниот саем на одбранбената индустрија одржан во Турција во август.
Москва и Анкара во 2017 година склучија договор за испорака на рускиот противвоздушен ракетен систем на Турција, со што Турција стана првата членка на НАТО која го купила овој ракетен систем од Русија.
Одлуката на Анкара да го купи рускиот систем предизвика тензии со САД и НАТО, а Вашингтон до сега не се откажа од своите напори Турција да се откаже од рускиот противвоздушен систем.






