петок, 24 април 2026

Потпретседателката на САД по падот на Авганистан најави „траен ангажман“ во Азија

Објавено на

часот

Сподели

Враќањето на талибанците на власт во Авганистан пред една недела, како и сликите на очајните Авганистанците кои се обидуваат да избегаат од државата, фрлија сенка врз американскиот статус на глобална сила, пишува Франс прес.

Харис за време на посетата на Сингапур, на патувањето во кое ќе го посети и Виетнам, симболот на најголемиот американски воен пораз, инсистираше на тоа дека САД остануваат сигурен партнер.

„Нашата влада е посветена на трајниот ангажман во Сингапур, на југоистокот на Азија и Индопацификот“, кажа таа на конференција за медиумите.

„Тука сум дека САД се глобален лидер, а ние таа улога ја сфаќаме сериозно.

Владата на американскиот претседател Џо Бајден се обидува да ги ресетира односите во Азија по турбулентната ера на Доналд Трамп, сакајќи да го прикаже Вашингтон како стабилна сила во време на сè понаметлива Кина.

Но, аналитичарите сметаат дека талибанското преземање на власта и брзиот колапс на авганистанската војска, обучувана и опремена од американските сили, покажуваат дека не може да се зависи од САД.

Харис е под критики за тоа што не се откажала од посетата на Виетнам во време додека американската војска се обидува да ги евакуира Американците, другите странски државјани и авганистанските сојузници од Кабул.

Кризата поттикна споредби со траумата од 1975 во Сајгон, кога американски хеликоптери ги евакуираа вработени од покривот на американската амбасада пред офанзивата на Виетконг.

Американските власти истакнуваат дека посетата на Виетнам е планирана долго пред авганистанската криза и дека е фокусирана на пошироките стратегиски цели на САД во Азија.

Харис во Сингапур стигна вчера, е денес одржа разговори со премиерот и потпиша договори за борба против кибернетичките закани, климатските промени и пандемијата на коронавирусот.

Треба да ја посети морнаричката база Чанги и припадниците на американската морнарица на воениот брод УСС Талса.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ