вторник, 21 април 2026

По 16 месеци во Париз повторно се слуша музика од клубовите

Објавено на

часот

Сподели

Повторното отворање на париските танц-клубови во петокот вечерта беше последниот чекор во францускиот процес на укинување на рестриктивните мерки воведени поради пандемијата, објави АП.

Овој потег треба да означи победа над вирусот, бидејќи ноќните клубови беа меѓу ретките места што останаа затворени уште од март 2020 година.

Сепак, делта-сојот се шири побрзо од стапката на вакцинација во Франција, а инфекциите повторно растат по неколкунеделен пад.

Францускиот претседател Емануел Макрон в понеделник ќе ѝ се обрати на нацијата во врска со ситуацијата со коронавирусот, а владата може да донесе одлука за нови ограничувања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ