вторник, 21 април 2026

Орбан плати оглас во Билд: „Србија мора да биде примена во ЕУ!“

Објавено на

часот

Сподели

Според српските медиуми, Орбан морал да издвои голема сума пари за огласот во познатиот германски весник.

Во првиот предлог, Орбан тврди дека Брисел тајно гради „супердржава“, која не е овластена од сите членки на ЕУ. „Ние му велиме не на европското царство“, остро порача унгарскиот премиер.

Кога станува збор за интеграцијата, таа е само средство, а не цел, смета Орбан. „Сѐ поблиското единство меѓу народите во Европа“ мора да се избрише од основните договори на Европската Унија.

Одлуките во заедницата мора да бидат донесувани од избрани водечки политичари, а не од невладини организации, напиша унгарскиот премиер, кој во моментов е во вербален конфликт со повеќето европски лидери, но и со Џозеф Бајден во врска со речиси непостоечките унгарски закони за слободата на медиумите и ЛГБТИК-законите.

„Ние велиме НЕ за напуштање на владеењето на правото“, пишува Орбан.

Силните европски интеграции заедно даваат економски успеси, оцени тој. Според него, доколку членките на Унијата заедно не можат да бидат успешни, туку секоја да заработува повеќе за себе, тоа ќе го означи крајот на ЕУ.

Орбан предупреди на опасностите што му се закануваат на целиот свет во наредниот период.

„Масовните миграции и пандемијата се закануваат – ние мора да го заштитиме европскиот народ“, истакна унгарскиот премиер.

Она што е исклучително важно е европската демократија. Според мислењето на Орбан, Европскиот парламент „се покажа како ќор-сокак“. Тој ги застапува исклучиво своите идеолошки и институционални интереси, а улогата на националните парламенти мора да биде поголема, вели човекот кого Репортери без граници вчера го вклучија на списокот на „предатори“.

На крај, Орбан кратко вели: Србија мора да биде примена во Европската Унија како членка!

Српскиот претседател Александар Вучиќ во мај рече дека „не му паѓа на памет“ да каже нешто лошо за Унгарија и нејзиниот премиер Виктор Орбан само за да добие поддршка од лево-либералните европски кругови и пофалби во странскиот печат. Во обраќањето по средбата со Орбан, Вучиќ рече дека односите меѓу Србија и Унгарија се најдобри во модерната историја во сите сфери.

Вчерашниот оглас во Билд го коментираше и вишиот научен соработник на Австрискиот институт за меѓународна политика и предавач на Универзитетот во Виена Ведран Џихиќ, кој оцени дека еден автократски лидер му посакува прием во ЕУ на колегата автократ, „бидејќи другите држави на Балканот не се чинат доволно авторитарни“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ