вторник, 21 април 2026

Орбан на списокот на непријатели на слободата на медиумите на Репортери без граници

Објавено на

часот

Сподели

„Откако Виктор Орбан и неговата партија Фидес дојдоа на власт во 2010 година, чекор по чекор ги ставаа медиумите под своја контрола“, соопшти РСФ во Берлин.

„Јавните медиуми се централизирани во државниот медиумски холдинг МТВА, кој ја вклучува единствената унгарска новинска агенција МТИ“, рече РСФ.

„Регионалниот печат е во целосна сопственост на претприемачи што се пријателски расположени кон Орбан, од летото 2017 година. Во есента 2018 година, скоро 500 провладини медиумски компании беа споени во холдинг-компанија заради централно координирање на нивното известување.“

На списокот „непријатели на слободата на медиумите“ се наоѓаат 37 шефови на држави и влади што безмилосно ја потиснуваат слободата на печатот.

Нови на списокот, заедно со Орбан, се бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој постојано хушкаше против медиумите, и саудискиот престолонаследник принцот Мохамед бин Салман.

РСФ го обвинува последниот за злосторства против човештвото и, меѓу другото, за убиството на новинарот Џамал Кашоги.

Нова на листата е и лидерката на Хонг Конг, Кери Лам. „Во кинескиот Посебен административен регион весникот Епл дејли, симбол на слободата на печатот, мораше да престане да работи во јуни“, додаваат тие.

РСФ ја објавува својата листа на „непријатели на слободата на медиумите“ од 2001 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ