Тој по состанокот со чешкиот премиер Андреј Бабиш кажа дека очекува милиони бегалци од Авганистан да се обидат да влезат во Европската Унија во новиот бран масовни миграции.
Бабиш, кој ги дели тврдите политички ставови на Орбан, по состанокот кој двајцата премиери го одржаа на северот на Чешка, соопшти дека неговата влада се согласила да испрати 50 полицајци да помогнат во чувањето на оградата изградена на границата на Унгарија со Србија, која е дел од надворешната граница на ЕУ.
Миграциите не се единствената тема во која актуелните чешка и унгарска влада, како и нивните регионални партнери во Полска и Словачка, често имаат различни ставови од властите на ЕУ.
Орбан и Бабиш изразија и силно несогласување со планот на Брисел за борба против климатските промени.






