Во тој контекст обвинителот на Врховниот суд Василиос Плиотас испратил барање до највисоките судски инстанци и полицијата, пренесува Екатимерини.
„Преголемиот број пожари со необичен интензитет и размери кои се случија во последните денови направија непроценлива штета по животната средина, особено шумските богатства на Грција, зградите и други објекти, земјоделското земјиште, посевите и туристичката инфраструктура, загрозувајќи ги дури животите на нашите најблиски. Синхронизираноста во избивањето на огнената стихија предизвикува разумен сомнеж дека станува збор за намерна активност на организираниот криминал за подметнување пожари, а не само за едноставна, случајна појава, за инциденти кои се предизвикани со неодговорно однесување“, напиша обвинителот Плиотас.
[video:https://youtu.be/Xv44WKaT4O8 autoplay:0] [video:https://youtu.be/LPdxwX1AfUs autoplay:0]





