Халил Хакани, за кој е распишана награда од пет милиони долари, фотографиран е како им проповеда на следбениците во џамија со американска автоматска пушка, а околу него се милитанти со американски воени униформи.
Хакани, чиј братучед Сираџудин Хакани е кандидат за нов претседател, носел американска М4 пушка, стандардна во американската војска.
Околу него, неговото обезбедување носи слично вооружување.
[video:https://youtu.be/piPzfseZCoM autoplay:0]Њујорк пост додава дека вооружената група може да биде вознемирувачки доказ колкаво количество американско оружје одзеле исламските милитанти откако ја освоија власта.
Соединетите Американски Држави на авганистанската војска ѝ дале оружје и опрема во вредност од 28 милијарди долари во периодот меѓу 2002 и 2017 година.






