Пожарот денес изби во близина на западниот брег на островот, пренесува Асошиејтед прес.
Пожарникарската служба со стихијата се бореше со 64 пожарникари и 26 возила, девет хеликоптери и еден авион за гасење на пожари, а огнената стихија, како што е јавено, е изгасена.
Во претходниот пожар на северот на Евија, стотици луѓе беа евакуирани по море и по плажите и од крајбрежните села додека огнот се спушташе по падините кон нив.
Wildfire breaks out early morning Monday in #Evia. Village Marmari evacuated. https://t.co/QMhoc6px7c
— Keep Talking Greece (@keeptalkingGR) August 23, 2021
Причините за пожарите во Грција сè уште не се официјално утврдени, но уапсени се повеќе десетици луѓе поради сомнеж дека подметнале пожар, вклучувајќи 14-годишно момче.
Овој месец, кој почна со најтешкиот топлотен бран во Грција во 3 децении, брзо се претвора во една од најразорните сезони на пожари во земјата, со десетици пожари кои секојдневно избиваат низ земјата.






