Во договорот е наведено дека Косовските безбедносни сили не смеат да влегуваат на северот на Косово без дозвола од КФОР и НАТО, пренесува Косово онлајн.
„Очекува косовските власти да се придржуваат до договорот кој го постигнавме во 2013 година. Косовските безбедносни сили да не бидат разместени на северот без претходна согласност од КФОР и НАТО, и тоа сè уште важи. И мислам дека ова е најдобриот начин да се продолжи со наоѓање на вистинската рамнотежа и да се избегнат ситуации кои би можеле да ги поткопаат и ослабат напорите за наоѓање решение и да се избегне сè што би можело да го поткопа дијалогот на Белград и Приштина“, кажа Столтенберг.
По состанокот кој го имаше со косовската претседателка Вјоса Османи и косовскиот премиер Аљбин Курти, Столтенберг на прес-конференција кажа дека е дојден да ја пренесе пораката дека НАТО ќе остане тука да помогне и да создаде безбедно и мирно опкружување за сите граѓани на земјата.
„Мојата порака е дека НАТО е тука за да остане. Нашата мисија се заснова на услови, а КФОР е на Косово за да помогне во создавање безбедно и мирно опкружување за сите заедници. Исто така силно ги поддржуваме напорите за наоѓање политичко решение. Тука сме веќе долги години. Чувствуваме одговорност да придонесеме на мирот и стабилноста на Косово, што е важно за целиот регион“, кажа тој.






